17,4% ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ СМЕТААТ ЗА СИРОМАШНИ На врвот се Грците

Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6%. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3%, а кај постарите од 65 години е 14,9%.

57

Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат.

Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%).






На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%).

Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6%. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3%, а кај постарите од 65 години е 14,9%.

Последните податоци на Евростат за земјите од Балканот кои се кандидати за членство во ЕУ, се од 2023 година.

За сиромашни во Албанија се сметале 54,2% од граѓаните, во Црна Гора 50,0, во Македонија 48,4 и во Србија 41,8%.

Поврзани содржини