16 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА Тројца среќници избројаа милионски суми
Најсреќните играчи освоија Супер милионер, Милионер и Мини џекпот добивки во заеднички износ од 15.863.614 денари.
Играчите на Видеолотарија Касинос Австрија се забавуваа и се радуваа и во текот на минатата недела. Најсреќните играчи освоија Супер милионер, Милионер и Мини џекпот добивки во заеднички износ од 15.863.614 денари.
С.А. од Скопје ја освои највредната добивка – Супер милионер џекпот вреден 9.787.069 денари. Добивката беше освоена на 14 април на видеолотариските терминали во „Моцарт“, во Трубарево.
Изминатава недела имавме и тројца нови милионери, благодарение на Милионер џекпот. Првиот Милионер џекпот вреден 1.518.193 денари го освои Г.Н. од Тетово на 10 април, во објект на „Тотал про спорт“.
– Вториот милионер ја почувствува на своја кожа радоста која ја носи овој омилен џекпот на 13 април, во просториите на „Моцарт“ во Тетово, а неговиот нов, омилен седумцифрен број изнесува 1.453.598 во денари. За третиот Милионер џекпот чекавме уште само два дена, бидејќи падна во петокот, на 15 март, но сега во село Брвеница, во објект на „Бет ту мар“ Р.Т. се радуваше на Милионер џекпот добивката вредна 1.270.614,00 денари – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.
Семејството среќни добитници на Видеолотарија Касинос Австрија оваа недела ја надополнија и играчите кои освоија Мини џекпот во вкупна вредност од 1.834.140 ден.