16 лица починаа од ковид-19, а 150 се водат како новозаболени
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 150 новозаболени на ковид-19, како последица од вирусот починаа 16 лица, додека 487 се водат како оздравени.
Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица по едно лице.
Регистрирани се 487 оздравени пациенти од Скопје – 144, Куманово – 65, Битола – 33, Прилеп и Охрид – по 31, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Кичево – 18, Штип и Кочани – по 13, Велес и Струга – по 9, Тетово и Гостивар – по 8, Виница, Берово и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Дебар и Неготино – по 5, Пехчево – 4, Ресен и Гевгелија – по 3, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 2, Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица, шест од Скопје (50, 62, 66, 79, 81 и 83), и по едно лице од Куманово (54), Велес (69), Гостивар (70), Штип (69), Струмица (54), Струга (83), Кочани (65), Гевгелија (72), Радовиш (88) и Богданци (78). Од пријавените сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.093 тестови преку: ИЈЗ-306, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–84, МАНУ-83, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Авицена-203, Биотек-251, Систина-148, лабораторија Лаор-148, Синлаб-38, Ремедика-0, Плодност–30, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 515.
Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 68.101, активни 4.697, Куманово 8.752, активни 795, Прилеп 8.251, активни 350, Тетово 7.178, активни 419, Битола 6.246, активни 617, Велес 5.454, активни 346, Гостивар 5.151, активни 260, Кавадарци 5.141, активни 185, Охрид 4.969, активни 345, Штип 4.949, активни 211, Струмица 4.088, активни 161, Струга 2.967, активни 118, Кочани 2.766, активни 125, Кичево 2.525, активни 210, Гевгелија 2.188, активни 154, Неготино 2.176, активни 124, Свети Николе 1.516, активни 91, Ресен 1.233, активни 180, Крива Паланка 1.216, активни 30, Радовиш 1.128, активни 86, Берово 1.026, активни 19, Делчево 963, активни 67, Дебар 938, активни 16, Виница 869, активни 111, Пробиштип 785, активни 19, Валандово 664, активни 14, Богданци 493, активни 31, Крушево 491, активни 72, Демир Капија 396, активни 14, Демир Хисар 395, активни 53, Кратово 361, активни 9, Македонски Брод 356, активни 1, Пехчево 266, активни 7, Македонска Каменица 242, активни 18 и Дојран 132, активни 0.