16-ГОДИШНО МОМЧЕ ПРОБОДЕНО СО НОЖ Уапсен тинејџер од Тетовско за обид за убиство
Во четвртокот Е.Ф од селото Долна Лешница, Тетовско, со нож му нанел повреди на 16-годишен малолетник, соопшти полицијата.
Полицијата уапси 19-годишно момче од селото Долна Лешница, Тетовско за обид за убиство.
Во четвртокот тој со нож пробол 16-годишно дете.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ф.(19) од селото Долна Лешница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид. На 28.10.2024 во селото Долна Лешница, пријавениот со нож му нанел повреди на 16-годишен малолетник“, соопшти полицијата.