16 ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ПРАТИЛЕ ПОНУДИ ЗА БРЗАТА ПРУГА Владата формира Меѓуресорска работна група да ги разгледа податоците

Содржината на документацијата која што е доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со нaзнака доверлива (confidential).

88

На вчерашната затворена седница, Владата донела заклучок да се формира Меѓуресорска работна група откако била разгледана информација во однос на доставените податоци од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга, соопшти Министерството за финансии.

На барањето од Министерството за финансии одговориле 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.






Содржината на документацијата која што е доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со нaзнака доверлива (confidential).

Меѓуресорска работна група ќе работи во рамки на Владата.

Поврзани содржини