16.000 КАМИОНЏИИ ЈА ОКУПИРАА КАНАДА Протестите против ковид-сертификатите станаа сериозни (ВИДЕО)

Над 16.000 камионџии втор ден протестираат во главниот град на Канада, а и до 50.000 се на пат да стигнат пред зградата на Парламентот. Ќе се случи ли во Канада она што се случи во Капитолот во САД? Протестот го подржаа илјадници Канаѓани незадоволни од ковид-мерките на владата на Џастин Трудо, кој пак, во моментов е на непозната локација.

818

Втор ден беснее протестот на „Конвојот на слободата“ пред Парламентот во главниот град во Канада, а до 16.000 камиони се упатени кон главниот град Отава за да се побунат против воведувањето на задолжителните ковид-сертификати за влез и излез од земјата, но и задолжителниот карантин за невакцинираните возачи. Премиерот Џастин Трудо, кој го отфрли конвојот како „глас на екстремното малцинство“ со „неприфатливи ставови“ е префрлен на тајна и безбедна локација заедно со неговото семејство, пишува РусијаДенес.

Протестот настана кога група на канадски камионџии од Британска Колумбија решија да ги одбијат владините мерки и се упатија на исток кон Отава, по седумдневно возење, со натпис „Е*би го Трудо“ на своите возила. Протестот не е антиваксерски, но дел од демонстрантите протестираат и против општите ковид-политики на Канада.






Некои од насобраните бараа на Трудо да му се суди за предавство, па дури и да биде претепан, поради што премиерот во еден момент предупреди на можност за насилство на протестите. Тој призна дека движењето прераснало „во нешто многу поголемо“, но дека сè уште е „многу мала, многу лута група … која се обидува да го истури својот гнев“.

 

Дали навистина има илјадници камиони на патиштата и во Отава?

Во соопштението од средата, организаторите рекоа дека првично имало околу 1.600 камиони во конвојот, но тој број се зголемил на 36.000 за неколку дена. Сега се проценува дека бројот на тешки камиони што во моментот возат накај во Отава е околу 50.000.

Сепак, локалните медиуми и полицијата велат дека има неколку стотици камиони до неколку илјади, а некои процени вклучуваат и други возила кои им се придружиле на камионџиите.

Вистинската бројка веројатно лежи некаде помеѓу – канадската компанија за камиони проценува дека задолжителната вакцинација ќе влијае на околу 16.000 возачи, бидејќи се проценува дека меѓу 85-90 отсто од 120.000 прекугранични камионџии во земјата се вакцинирани.

 

Дали камионџиите имаат јавна поддршка?

Организаторите велат дека имаат поддршка од милиони Канаѓани. Иако властите не објавија колку луѓе се собрале во Отава, локални полициски извори велат дека веќе има десетици илјади.

Друг показател за популарноста на конвојот е кампањата за собирање средства GoFundMe, која собра 8,6 милиони канадски долари од над 108.000 луѓе во последната недела. Камионџиите ги поддржа и најбогатиот човек на светот Илон Маск, како и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Полицијата, исто така, предупреди дека некои „екстремистички“ групи би можеле да се обидат да го искористат протестот во своја полза, а лидерот на Новата демократска партија отиде дотаму што рече дека некои „елементи“ планираат да го претворат конвојот во канадска верзија на нападот на американскиот Капитол.

 

Дали протестот помина мирно?

На протестот не беа регистрирани инциденти, апсења или можни жртви, а организаторите рекоа дека „не поддржуваат насилство“, туку мирно го изразуваат своето противење и ги повикаа учесниците да се однесуваат со почит кон полицијата и да не и се закануваат.

Се смета дека протестот ќе продолжи и оваа недела, иако беше планирано да заврши.

 

Што мисли светот за протестите на камионџиите?

Протестите го привлекоа вниманието на јавноста надвор од Канада. Трамп ги поздрави учесниците во конвојот на митингот во Тексас во саботата, истакнувајќи дека тие „направиле повеќе за да ја одбранат американската слобода отколку нашите лидери“. Конвојот беше поддржан и од милијардерот Илон Маск, подкастерот Џо Роган и од комичарот Расел Бренд.

„Вашингтон пост“ објави колумна на Дејвид Москроп кој ги нарече камионџиите „неважна група“ предводена од „општ гнев, погрешно насочен гнев поради предизвиците со кои се соочуваат синџирите на снабдување и антивладиниот став“.

Поврзани содржини