155 НОВИ ЗАРАЗЕНИ, 13 ПОЧИНАТИ Како за ден недела, надежни бројки
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, додека бројот на активни случаи изнесува 8.290.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84, 83, 72, и 69 години), по 3 починати лица од Скопје (68, 63 и 50 години), по 2 починати лица од Куманово (67 и 64 години) и по едно починато лице од Прилеп (50), Битола (68), Штип (69) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, додека бројот на активни случаи изнесува 8.290.