150 МЕДИЦИНАРИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ДОБРОВОЛЦИ Подготвени се и две комбиња и лекови

Министерот Беким Сали рече дека денеска ќе го направат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи.

155

На јавниот повик што го објави Министерството за здравство за лекари доброволци што би се упатиле кон погодените места во земјотресот во Туркије до синоќа се пријавиле 150 лица – изјави министерот за здравство Беким Сали.

Министерот рече дека денеска ќе го направат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку комуникација на НАТО со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.






Исто така, како што посочи Сали, две комбиња специјализирани за интензивна нега, комплетирани со два тима од лакар, шофер и медицинска сестра, се подготвени да заминат во погодените места.

Министерот информира дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори, кои исто така ги ставаат на располагање.

Вчера војници, пожарникари, рудари… од Македонија се упатија на помош кон Туркије каде разорниот земјотрес уби до сега над 11.000 луѓе.

Во спасувачка мисија заминаа претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, од Армијата, а екипа испрати и Град Скопје. На помош заминаа и рудари од Пробиштип.

Поврзани содржини