150 КИЛОМЕТРИ МАРШ ДО ГРОБОТ НА ГОЦЕ Членови на Левица по третпат маршираа од Гевгелија до Скопје

97

На 120 години од загинувањето на најголемиот наш револуционер и татко на македонската нација – Гоце Делчев, Левица по третпат го одржа тридневниот марш во негова чест од 150 километри од Гевгелија до вечното почивалиште на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје, соопштија денеска од партијата.

„Како и минатите години, маршот го предводеше советникот на Левица од Гевгелија, Саше Јанчев, овој пат во придружба на членот на Президиумот, Реџеп Исмаил, портпаролот Амар Мециновиќ и координаторот на Секторот за надворешна политика, Александар Симонов. Макотрпниот пат, кој заедно го одиме во чест на неговото херојство и жртва, дава насока во која борбата води кон победа, во која истрајноста и непоколебливоста на волјата се пресудни – на што нѐ учат Гоцевите идеали“, се наведува во соопштението на Левица.

Поврзани содржини