15 УАПСЕНИ ЗА ГРАДЕЖЕН ФУШЕРАЈ ВО ДИЈАРБАКИР На удар се изведувачите на градежни работи

Обвинителството во Дијарбакир почна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на згради што се урнаа во земјотресот на 6 февруари.

150

Во Турција се приведени 15 од вкупно 39 осомничени лица под обвинение за нерегуларности во изградбата на згради што се урнаа во турската област Дијарбакир, јави Анадолија.

Обвинителството во Дијарбакир почна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на згради што се урнаа во земјотресот на 6 февруари. Полицијата синоќа приведе 15 осомничени, вклучувајќи ги и изведувачи на работите, под обвинение за кривично дело „убиство со предумисла“. Во тек се активности за приведување на уште шестмина осомничени кои се во бегство.






Во серијата земјотреси кои ја потресоа Турција животот го загубија 36.187, додека во соседна Сирија загинаа околу 4.000. Анализите укажуваат дека една од причините за големиот број жртви е непридржувањето кон стандардите за градење и недозволеното градење.

Поврзани содржини