15 работи што не сте ги знаеле за пчелата (ФОТО)
Тие се летечки ципокрилни инсекти, кои се многу важни при опрашувањето на растенија, а како што сите знаеме и за производството на мед.
Во денешно време многу поретко се обрнува внимание на целата природа и убавина која некој ни ја дарил. Грижата за природата е сè помала, изумирањето на одредени видови животни, инсекти и растенија е сè поголема. Да се запознаеме од блиску со нејзиното височество – пчелата.
Пчелите се пред сè најважните инсекти кои ги има на Земјата. Нема пчела, нема живот. Тие се летечки ципокрилни инсекти, кои се многу важни при опрашувањето на растенија, а како што сите знаеме и за производството на мед.
Во продолжение ви откриваме факти за пчелите кои сигурно до сега не сте ти знаеле:
- Се чудите зошто пчелите „зујат“? Тоа е затоа што пчелата со своите крилја замавнува 11.400 пати во минута, па оттаму и тој звук.
- Една просечна пчела произведува 1 до 12 лажички мед во нејзиниот живот.
- Пчелата – матица може да живее 5 години, таа е единствената пчела која оплодува јајца, а најпродуктивна е во текот на летото кога оплодува дури до 2500 јајца на ден.
- Комуникацијата и пронаоѓањето на храна, оди преку 170 респиратори за мирис кои ги има секоја една пчела. Нивните сетила се толку силни што можат да разликуваат стотици растенија.
- Мозокот на пчелата е елипсовиден, со големина на трошка, но тоа не ги прави помалку паметни. Тие точно знаат каде одат, што земаат и каде треба производот да го донесат.
- Единствени пчели кои можат да ве „боцнат“ се пчелите работнички, како и матицата, но таа никогаш не го напушта своето семејство и затоа не претставуваат опасност за вас.
- Пчелата во мигот кога ќе „боцне“ човек, таа умира.
- Медоносните пчели комуницираат преку таканаречен карактеристичен „танц“.
- Пчелите не се раѓаат со знаење за правење мед, колку се постари толку се поискусни.
- Пчелите-работнички се всушност сексуално неразвиени женки.
- Машките пчели- трутови или уште наречени „беспилотни летала“, единствената работа која ја прават е да ја оплодат матицата.
- Една матица има семејство кое брои од 20 000 до 80 000 пчели.
- Една пчела дневно собира мед од 7000 цветови, а за килограм мед, потребни се четири милиони посети на цветови.
- Секоја пчела во семејствата има свој карактеристичен мирис, по кој е препознатлива за останатите пчели.
- Медоносните пчели добиваат работа во кошницата врз основа на нивната возраст.
Во 2017 година, пчелата е прогласена за најважното живо суштество на планетата, а 20 мај е одбраниот ден за одбележување на нејзиното височество