15 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАР ВО ТОКИСКОТО МЕТРО Уапсен маж кој носел нож и некаква течност (ВИДЕО)

Според јапонската државна новинска организација НХК, која се повикува на очевидци, осомничениот полеал делови од вагонот со непозната течност и го запалил

587

Во нападот во воз во Токио, кој беше извршен денеска од маж вооружен со нож, повредени се 15 лица, од кои три потешко.

Мажот прво со нож ранил неколку патници, а потоа предизвикал пожар, поради што патниците скокнале од прозорците, соопшти полицијата.






Напаѓачот, идентификуван како 20-годишен маж, е уапсен на самото место на злосторството. Тој е осомничен за обид за убиство, а мотивот се уште не е познат.

Според јапонската државна новинска организација НХК, која се повикува на очевидци, осомничениот полеал делови од вагонот со непозната течност и го запалил.

Полицијата во моментов истражува дали во инцидентот била употребена солна киселина.

Поврзани содржини