15 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 Во последните 24 часа регистрирани се 766 новозаболени и 86 реинфекции

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.

755

Во последните 24 часа регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19, 15 лица ја загубија битката со коронавирусот, додека 486 лица се водат како оздравени, објави Министерството за здравство.

Според податоците од Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие направени се направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје се 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.






Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8, Струмица и Велес – по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш – по 3, Неготино – 2, Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63, 65, 80 и 81), две починати лица од Битола (80 и 82) и по едно починато лице од Охрид (58), Гевгелија (72), Кавадарци (67), Крива Паланка (74), Кочани (48) и Демир Хисар (82). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022 година. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.748 тестови преку: ИЈЗ-227, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–145, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-101, Биотек-197, Систина-100, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-0, Никоб Лаб-501, ВФВ Медикал-41, Ели Медика-9, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–25, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.178.

Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 110.354, активни 8.788, Куманово 13.860, активни 603, Прилеп 11.931, активни 884, Тетово 11.730, активни 256, Битола 11.133, активни 1.461, Гостивар 8.340, активни 214, Кавадарци 7.995, активни 413, Велес 7.894, активни 318, Охрид 7.446, активни 581, Штип 7.128, активни 274, Струмица 6.692, активни 338, Кичево 4.602, активни 237, Кочани 4.310, активни 158, Струга 4.124, активни 171, Гевгелија 3.267, активни 242, Неготино 2.830, активни 158, Свети Николе 2.256, активни 86, Ресен 2.086, активни 172, Крива Паланка 2.074, активни 96, Радовиш 2.017, активни 180, Делчево 1.581, активни 92, Берово 1.538, активни 52, Дебар 1.479, активни 17, Виница 1.220, активни 33, Пробиштип 1.208, активни 53, Валандово 1.197, активни 135, Кратово 818, активни 28, Крушево 760, активни 140, Богданци 759, активни 58, Демир Хисар 701, активни 50, Македонски Брод 589, активни 40, Демир Капија 455, активни 19, Македонска Каменица 454, активни 25, Пехчево 380, активни 18 и Дојран 190, активни 7.

Поврзани содржини