15 ПОЧИНАТИ, 266 ЗАБОЛЕНИ Вкупно во земјава од ковид починале 7.894 луѓе
Досега во земјата се дијагностицирани 222.932 лица си ковид, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.
Петнаесет починати и 266 нови заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 4.572 тестирања, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга по 5, Гевгелија и Валандово по 4, Велес и Радовиш по 3, Крива Паланка и Македонски Брод по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар по 1.
Регистрирани сe 717 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица во болнички услови: по 2 лица од Струмица (56 и 76) и Куманово (63 и 75) и по едно починато лице од Скопје (82), Прилеп (83), Битола (47) и Штип (83).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во периодот од 27.11-24.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1) на возраст од 57 до 82. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Досега во земјата се дијагностицирани 222.932 лица сo ковид, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.