15 милиони Кинези бараат СЗО да истражи лабораторија во САД за потеклото на ковид-19
СЗО треба да го почитува јавното мислење и темелно да го испита Форт Детрик и повеќе од 200 американски прекуокеански биолошки лаборатории, се наведува во коментарот.
Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата Форт Детрик во Соединетите држави како можен извор на коронавирусот.
Петицијата ја покрена кинескиот „Глобал тајмс“, а од Светската здравствена организација (СЗО) се бара да го испита овој случај.
Наведувајќи дека додека СЗО планира да ја спроведе следната фаза од пребарувањето на изворот на коронавирусот и не ја исклучува можноста за „протекување од лабораторијата“, меѓународната заедница бара истражување во лабораторијата Форт Детрик во САД која е „позната како најтемниот експериментален центар на американската влада“.
СЗО треба да го почитува јавното мислење и темелно да го испита Форт Детрик и повеќе од 200 американски прекуокеански биолошки лаборатории, се наведува во коментарот.
„CMG“ пишува дека, според извештајот на „CBS“, во август 2019 година, во Мериленд се појавиле случаи на заболувања на белите дробови, кои потоа биле поврзани со употреба на е-цигари. После тоа, се додава, Медицинскиот институт за инфективни болести на американската армија во Форт Детрик беше ненадејно затворен, а американската влада, иако се соочи со сомневања, одби да објави повеќе информации, наведувајќи ја „националната безбедност“ како причина.
СЗО во заедничкиот истражувачки извештај објавен кон крајот на март заклучи дека е „крајно малку веројатно“ дека вирусот протекол од кинеска лабораторија, се сеќава „CMG“, додавајќи дека бидејќи сѐ уште не е исклучена можноста за „лабораториско истекување“, сомнителниот Детрик треба да биде првиот случај за истрага.
Тоа е потреба од научно истражување и глас на луѓето ширум светот. Соединетите држави треба да заземат транспарентен и отчетен став што е можно поскоро и да ја повикаат СЗО да оди во Соединетите држави за да спроведе истражување на изворот, особено истрагата за лабораторијата Форт Детрик, а во коментарот се обвивнува САД за политичка манипулација за потеклото на епидемијата со ковид-19 за што ја обвини Кина.
Пандемијата со ковид-19 може да се надмине само со соработка на целото човештво. САД треба да престанат да играат политички трикови за потеклото на вирусот. СЗО треба да го почитува јавното мислење, темелно да го испита Форт Детрик и повеќе од 200 американски прекуокеански биолошки лаборатории, темелно да го испита изворот на американската епидемија, да го најде одговорот и да ја врати вистината на светот, заклучи кинеската медиумска група.