15-ГОДИШНИК СО КАМЕН ГО УДИРАЛ ПО ГЛАВА Жена легнала врз сопругот за да го спаси од тројцата напаѓачи

Инцидентот се случил во селото Батинци, каде татко на 41-годишна возраст и неговите двајца синови, еден полнолетен (18 години) и друг малолетен (15 години), дошле пред куќата на оштетениот поради претходен вербален конфликт со детето.

1,491

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против татко и син од Батинци, осомничени за кривично дело „Насилство“, откако со уште едно 15-годишно дете, вториот син, брутално претепале маж по претходна расправија. Обвинителството соопшти дека жртвата е со тешки телесни повреди, а насилството предизвикало страв и вознемиреност кај целото семејство и соседите.

– Обвинителството постапува решително и без компромис кога се во прашање насилни инциденти со тешки последици врз животот и телото на оштетените лица. Насилството не смее да остане неказнето, особено кога е извршено пред очи на други членови на семејството и јавноста – велат од Основното јавно обвинителство Скопје.






Инцидентот се случил во селото Батинци, каде татко на 41-годишна возраст и неговите двајца синови – еден полнолетен (18 години) и друг малолетен (15 години), дошле пред куќата на оштетениот поради претходен вербален конфликт со детето. Наскоро, заканите преминале во физички напад, го удирале оштетениот со клоци и тупаници по главата и телото, по што тој паднал на земја. Малолетното дете продолжило со удар со камен, нанесувајќи дополнителни сериозни повреди.

Во обид да го заштити, сопругата на жртвата легнала врз него, додека нивните деца и соседи се обидувале да го прекинат нападот. Жртвата претрпела фрактури и други тешки телесни повреди.

– Со бруталниот напад, осомничените предизвикале чувство на страв не само кај оштетениот, туку и кај неговото семејство и пошироката јавност – додаваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за полнолетните лица. За малолетникот, постапката се води согласно Законот за правда за децата.

Поврзани содржини