15 ГОДИШНА ДЕВОЈКА СО НОЖ НАПАДНАЛА СОСЕЛАНИ Малолетничка тепала жена и нејзиниот сопруг, сакала и да ги боде
Полицијата поднесе кривична пријава против 15-годишна девојка од тетовско село по инцидентот во кој била нападната жена и нејзиниот сопруг.
Петнаесетгодишна малолетничка од тетовско село се соочува со кривична пријава откако физички нападнала жена од истото место и се обидела да ја нападне неа и нејзиниот сопруг со остар предмет.
Од полицијата информираат дека инцидентот се случил на 20 септември 2025 година. Според пријавата, малолетничката најпрво физички ја нападнала жената, по што се обидела со остар предмет да ја нападне и неа и нејзиниот сопруг.
Од СВР Тетово соопштија дека против малолетничката е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“, а случајот ќе го разгледуваат надлежните институции.