15.000 ЛУЃЕ ПЛАЧЕА ПО ХАЛИД БЕШЛИЌ ВО САРАЕВО Со пејачот се простија и Белград, Загреб, Париз, Мелбурн

Почит на Бешлиќ му оддадоа и граѓани во Бања Лука, Горажде, Тузла, Ливно, но и во Франкфурт, Торонто, Доха, Мелбурн... целиот свет се простува од „легендарниот пејач и прекрасен човек“.

988

Повеќе од 15.000 луѓе се собраа пред Вечниот пламен во Сараево, каде што денес беше поставена сцена, за да се збогуваат со својот сакан Халид Бешлиќ, јави Б92.

Меѓу првите што им се обратиле на присутните бил композиторот Драган Стојковиќ Босанац, кој едвај изговорил „Јас не можам да зборувам“, но бил поддржан со аплауз. Тој потоа додал:






– Постои име и презиме, тоа е Халид Бешлиќ, и сè што овие добри луѓе кажаа и повеќе од тоа е Халид.

Притоа, актерот Енис Бешлагиќ ја испеал омилената песна на Халид „У мене јесен је“, додавајќи човечки печат на заедничката тага.

И Белград се опрости од својот омилен Бошњак. Истиот рефрен, заедно со „Романија“, одекнал и во белградската Скадарлија, каде граѓаните започнале да се собираат околу 17 часот.

Пејачот Дражен Жериќ Жера се искачил на бината:

– Ова е она што Халид го сакал и го љубел, да се бакнуваме и да се сакаме. Тој беше нашето светло. Помладите треба да продолжат по нашиот пат.

Почит на Бешлиќ му оддадоа и граѓани во Бања Лука, Горажде, Тузла, Ливно, но и во Франкфурт, Торонто, Доха, Мелбурн… целиот свет се простува од „легендарниот пејач и прекрасен човек“.

Како што потсетува порталот Кликс, сè започнало со повикот на актерот Енис Бешлагиќ кој порача:

– Треба да славиме сè што ни остави Халид како аманет. Песните со кои сме се женеле, веселеле и плачеле, се неговата оставнина. Нека се прашаат во Америка, во Австралија, во целиот свет: Кој беше овој човек? Ова е промоција на човечноста, на љубовта, за тоа јас се залагам.

Хрватски Јутарни Лист пишува за емоциите на луѓето кои се простија од Бешлиќ во Загреб и во Сплит.

 

 

 

 

Поврзани содржини