15.000 АМЕРИКАНЦИ ЧЕКААТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД АВГАНИСТАН Бајден досега извлекол само 2.500 од нив
За жал, само 2.500 Американци се евакуирани од почетокот на акцијата на 14 август до денеска. Тие слетувале на аеродромите во Катар или Кувајт, а оттаму ќе се враќаат дома. Американските бази во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати исто така ќе послужат за превезување на луѓе.
Дури 15.000 Американци да бидат изнесени од Авганистан до 31 август планира претседателот Џо Бајден, а за таа задача ќе ангажира 18 авиони од најголемите авиокомпании во САД. Во можеби една од најголемите мисии за евакуација на Пентагон, ќе лета и ретко користената воздушна флота на цивилни резерви ЦРАФ, а ако сѐ оди како подмачкано, на нив ќе им се придружат ште 50.000 луѓе кои соработувале со Америка во последните 20 години, пренесува МИА.
За жал, само 2.500 Американци се евакуирани од почетокот на акцијата на 14 август до денеска. Тие слетувале на аеродромите во Катар или Кувајт, а оттаму ќе се враќаат дома. Американските бази во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати исто така ќе послужат за превезување на луѓе.
Американ Ерлајнс, Атлас, Делта, Омни, Хавајн и Јунајтед се имињата на фирмите кои заедно со воените транспортни авиони ќе ја вршаат оваа сложена операција. Флотата ЦРАФ досега беше активирана само двапати досега. Еднаш, за превоз на војници во Заливската војна во 1990-91 година и втор пат во 2002-2003 година, кога САД изврши инвазија на Ирак.
Во меѓувреме, немирите во Кабул продолжуваат. Неодамна, во транспортниот авион Ц-17 кој леташе од привремена база на Блискиот Исток до базата „Рамштајн“ во Германија, веднаш по летот се породи млада Авганистанка и на свет донесе девојче. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба и се пренесени во најблиската болница.