142 ГРАЃАНИ ЛАНИ ЗАГИНАЛЕ ВО СООБРАЌАЈКИ По скопските булевари има засилени контроли

411
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот профил на Фејсбук објави дека од вчера се засилените сообраќајни акциски контроли низ главниот град, а фокусот е на булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчесто се случуваат сообраќајните несреќи и се одземаат човечки животи.
„Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето, односно човечкиот живот. Статистички најголем број сообраќајни прекршоци се со возење со брзина поголема од дозволената. Само во текот на вчерашната вечер санкционирани се 360 учесници во сообраќајот, од кои 29 возачи управувале без возачка дозвола, четворица управувале под дејство на алкохол, 79 возачи возеле со брзина поголема од дозволената. Ова е само во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје“, напиша Тошковски.





Тој рече дека минатата година имало 142 жртви во сообраќајни несреќи, што е страшна бројка.
„Имаме начин како да се намалат овие бројки. Интензивно работиме на имплементација на проектот „Безбеден град“ кој ќе прерасне во „Безбедна држава“. Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемување и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна. Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди“, порача министерот за внатрешни работи.
Поврзани содржини