14 МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАТЕКНАТИ ВО КАФУЛИЊА ВО КУМАНОВО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ Едно пијано момче било пренесено на Клиника во Скопје

Една жена е лишена од слобода. Таа го изнајмила просторот во кој биле затекнати 14 малолетници после полноќ, а еден од нив бил пијан.

456

Полицијата затекнала 14 малолетници после полноќ при контрола во угостителски објекти во Куманово.

На 13 и на 14.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.






При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица, а во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден објект од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила просторот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејство на алкохол и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство.

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини