14 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ИМРАН КАН, 7 ГОДИНИ ЗА ЖЕНА МУ Поранешниот пакистански премиер осуден за корупција
Сопружниците се осудени по обвиненија за корупција во случајот Труст Ал-Кадир, во кој се обвинети за проневера на 190 милиони фунти.
Пакистанскиот суд денеска го осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан на 14 години затвор, а неговата сопруга Бушра Биби Кан на 7 години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и адвокатот на Кан.
Сопружниците се осудени по обвиненија за корупција во случајот Труст Ал-Кадир, во кој се обвинети за проневера на 190 милиони фунти.
Судијата ја изрече пресудата во затворот Адијала, каде се сместени обвинетите Кан и Биби.