14 факти за цигарите кои не сте ги знаеле: Во тутунот се додава урина за да се подобри вкусот, една цигара гори 12 минути
Голем дел од светската популација пуши цигари, но ретко кој од пушачите е запознаен со сите факти поврзани за тој порок.
Ви претставуваме дел од нив:
– Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), околу 25 отсто од цигарите кои се продаваат во светот се криумчарени.
– Никотинот кај редовните пушачи може да се најде во секој дел од телото, па дури и во мајчиното млеко.
– Цигарите се најпродаваниот производ на планетата.
– Секојдневно, само во САД, околу 3.000 деца помали од 18 години започнуваат да пушат.
– Никотинот се смета за единствената дрога која истовремено и стимулира и релаксира.
– Во фабриките на тутунската индустрија неретко се додаваат различни хемикалии и се користат тајни постапки на изработка, сè со цел никотинот во цигарите да биде неколку пати посилен од оној од природните стебленца на тутунот.
– Уреа, хемиско соединение кое е една од главните состојки на урината, често се додава во цигарите како би се подобрил нивниот вкус.
– Само 3 цигари произведуваат и до десет пати повеќе штетни честички од мотор на автомобил кој работи половина час.
– Ширум светот околу 700 милиони деца секојдневно се изложени на чад од цигари.
– Жените се почувствителни на дејството на никотинот, затоа што концентрацијата на овој токсин во крвта варира значително повеќе отколку кај мажите. Поради тоа и желбата за цигари кај жените е посилна.
– Во текот на одвикнувањето, мажите повеќе се потпираат на силната волја, додека за жените најважна е подршката од околината.
– Секоја цигара гори околу 12 минути.
– Цигарите некогаш се промовирале како корисни за здравјето. Биле наведувани во фармацевските енциклопедии сè до 1906 година, а неретко и самите лекари ги препорачувале.
– Цигарите не биле поврзувани со ракот на бели дробови сè до триесеттите години на минатиот век.