14.500 ДЕНАРИ НОВ ДОЛГ ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ ЗАЕВИЗМОТ Стандардот тоне, а властa купува златен прибор

Опозициската партија смета дека решението е во предвремени парламентарни избори.

536

ВМРО-ДПМНЕ денеска излее со податок дека граѓаните од почетокот на годината се задолжени со дополнителни 14.500 денари како резултат на натрупаниот долг на владата и нејзиното нерационално трошење. Партијата смета дека предвремени избори се спас за ваквата политика на владата на СДСМ.

– Стандардот на граѓаните пропаѓа тоне, а на власта на Заевизмот око не и трепнува. Цените на мало во декември се поскапени за 6 отсто, поскапени се горивата, цената на струјата за 15 отсто, цената на парното речиси за 15 отсто, што директно влијае врз семејниот буџет на секој граѓанин. Власта на Димитар Ковачевски не презеде ништо тоа да го спречи. Немаше навремена набавка на гас, немаше навремен ископ на домашен јаглен и домашно производство на струја, немаше навремена заштита на пазарот со основните продукти – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата додаваат дека со растот на јавниот долг на 7, 25 милијарди евра пораснал и  долг на секое семејство од почетокот на 2022 година за 14.500 денари.

– Тоа е резултатот на заевизмот, на кој во ек на економска, здравствена и енергетска криза прв приоритет му е набавка на златен прибор за пиунот Ковачевски. Криминалот на заевизмот, поради кој и оваа година Македонија е  рангирана како една од најкорумпираните земји во Европа, државата ја закова на дното по странски инвестиции и економски раст во целиот регион.  Расте долгот, а економијата тоне. Тоа мора да престане. Решението е да се раскрсти со заевизмот на предвремени парламентарни избори, и тоа час поскоро – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини