14.113 лозари пред Свети Трифун ги добија субвенциите

Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“. 

248

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади исплати вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“.






– Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино – информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.

Тој рече дека земјоделските субвенции ќе се исплаќаат во период кога парите им се најпотребни на земјоделците, односно пред почеток на новата реколата.

.

Поврзани содржини