136 микро и мали бизниси аплицирале за бескаматните кредити

Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени.

433

Развојна банка денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра.

– Во првата листа до Владата на Северна Македонија се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени. Доставата на информации до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, се додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1 – велат од Развојна банка.






Владата на денешната седница треба да  ја разгледа информацијата и да ги одобри кредитните апликации. По ова, Развојна банка ќе стапи во контакт со компаниите за реализација на договорите за кредит.

Поврзани содржини