133 МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛЖАТ ФИРМИ И ГРАЃАНИ ЗА ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ Управата за јавни приходи ги објави имињата на 3.375 граѓани и 1.730 фирми
Според УЈП, долгот е намален за 6 милиони евра кај даноците, и за 3 милиони евра кај акцизите и другите цариснки давачки.
Вкупно 5.105 фирми и граѓани се најдоа на списокот на Управата за јавни приходи бидејќи не ги подмириле своите даночни и царинските обврски за периодот мај – август.
Вкупниот долг е во нето износ од 8,210 милијарди денари (повеќе од 133 милиони евра) или помалку од претходната листа за речиси 6 милиони евра. Долгот за царински давачки е 183,4 милиони денари или помалку за 3 милиони евра во однос на претходниот список.
Како должници се регистрирани 1.730 правни лица и 3.375 физички лица. На списокот се најдоа општински и државни јавни претпријатија, познати компании, хотели, институции од културата, фудбалски клубови, но здруженија и фирми загубари.