130 НОВОЗАБОЛЕНИ И 6 ПОЧИНАТИ Направени се 1.843 тестирања на ковид
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.
Министерството за здравство информира дека се направени 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид.
Скопје има 88, Кавдарци 10, Велес 7, Прилеп 6, Охрид и Крива Паланка по 4, Куманово и Битола по 3, Гостивар и Кичево по 2, Демир Хисар 1.
Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово – по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63 и 68) и по едно починато лице од Скопје (77), Тетово (85), Крива Паланка (27) и Струмица (80). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 1.843 тестови преку: ИЈЗ-52, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Авицена-103, Биотек-100, Систина-49, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–27, Генеа-0, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-45, Ели Медика-15, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 970.
Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.