📽 13 ЗАГИНАТИ ВО ГРАНАТИРАЊЕТО НА ДОЊЕЦК Украински проектили завршија во градот кој е под руска окупација

Киев допрва треба да го коментира инцидентот, а Асошиетед прес не можеле самостојно да ги потврдат руските тврдења. Пушилин изјавил дека итните служби продолжуваат да работат на местото на настанот.

167

Најмалку 13 лица загинале денеска при гранатирање на пазар во предградието на Доњецк, град во Украина кој моментално е под руска окупација, соопштија локалните власти.

Денис Пушилин, шеф на руските власти во Доњецк, додаде дека во нападот се повредени уште десет лица. Тој ја обвини украинската армија дека испукала гранати во Текстилшчик.






Киев допрва треба да го коментира инцидентот, а Асошиетед прес не можеле самостојно да ги потврдат руските тврдења. Пушилин изјавил дека итните служби продолжуваат да работат на местото на настанот.

 

Поврзани содржини