13 ПОЖАРИ СЕ АКТИВНИ, НОВО ЖАРИШТЕ КАЈ РАДОВИШ Гаснењето кај Серта продолжува утре од воздух и од копно

Предвидено е утре вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот, појасни неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

254

Нов пожар попладнево има и во радовишко во местото викано Пореката, каде има шест викенд куќи. Сопствениците со пожарникарите и војската ги бранат од огнот, а овие објекти се на само четири километри од градот Радовиш.

Во моментов има 13 активни пожари на територијата на Република Северна Македонија, изгаснати се три, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.






Активните пожари се во Скопје во Општините Сарај, Сопиште, Зелениково и Студеничани, а покрај пожарите во Битола и кај планината Серта во Неготино, гори и во Штип, Ново Село, Чашка, Долнени, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Липково.

Изгаснати се три пожари и тоа во Општините Македонски Брод, Росоман и Чешиново-Облешево.

Гаснењето на пожарот на планината Серта продолжува утре со сите воздухопловни сили и од копно, е констатирано на вечерашниот состанок на Штабот за заштита и спасување во Неготино.

– Предвидено е утре вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот – појасни неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Како и во изминатите денови, така и за утре, Кризниот штаб има обезбедено механизација за поефикасно гаснење на пожарот.

Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот.

 

Поврзани содржини