13 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА Меѓу повредните има и деца

Сите повредени, меѓу кои има и деца, се испратени на лекување во Регионалната болница во јужниот дел на Митровица.

191

Во експлозија на шише за гас во куќа во селото Кичиќ во општина Косовска Митровица денеска се повредени 13 лица, потврди косовската полиција.

Сите повредени, меѓу кои има и деца, се испратени на лекување во Регионалната болница во јужниот дел на Митровица.






„Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информација дека во експлозија во куќа во митровичкото село Кичиќ повредени се 13 лица. Повредените се испратени на лекување во Регионалната болница во Митровица. Според првичните информации се работи за се сомнева дека експлозијата ја предизвикало шише со компримиран течен гас“, соопшти полицијата.

 

Поврзани содржини