📽️ 13 ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОСТИТУЦИЈА И ДРОГА Разбиена криминална група, меѓу уапсените и службени лица

Овие лица се дел од организирана криминална група која се занимавала со посредување во вршење проституција и нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена во западниот дел од земјата, а извршени се претреси на 17 локации во Тетово и Охрид.

2,729

13 лица се приведени додека едно лице е недостапно на органите на прогонот во координираната акција на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).

Овие лица се дел од организирана криминална група која се занимавала со посредување во вршење проституција и нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена во западниот дел од земјата, а извршени се претреси на 17 локации во Тетово и Охрид.






При претресите се пронајдени три патнички моторни возила, поголема количина пари и злато, безбол палка, ресивери, нож, гасен пиштол, три лаптопи, радио врски и книги за евидентирање на гости. Групата нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела ги прикривала преку перење пари.

Организатор на групата е 35-годишен жител на Боговиње, кој координирал криминалните активности во стриптиз клубови во селата Жеровјане, Горно Седларце и во Охрид, каде се наведувале на проституција девојки, главно странски државјанки. Неговиот брат, второосомничениот, управувал со два од клубовите, додека третото лице раководело со стриптиз клуб во Охрид.

Четвртиот осомничен ги организирал патувањата на девојките и ја олеснувал процедурата за добивање легални документи за престој. Петмина членови од групата биле задолжени за снабдување со дрога, најчесто кокаин, кој го продавале на девојките и на гостите. Едно лице било задолжено да го следи движењето на полицијата и да ги информира членовите за можни полициски акции.

Во групата учествувале и две службени лица – затворски службеник и полицаец од Тетово, кои ја предупредувале групата за полициски акции и помагале во олеснување на прекршочните постапки против нив.

Акцијата е резултат на повеќемесечна истрага, а улогите на секој член во групата се детално документирани.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага против сите инволвирани за кривичните дела Злосторничко здружување од чл.394 и Посредување во вршење проституција од чл.191 од Кривичниот законик. Тројца се осомничени и за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, додека против петмина од осомничените е поведена истрага и за – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори чл.215 од Кривичниот законик.

Во текот на денешниот ден осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите цени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, па на судијата на претходна постапка за сите осомничени ќе предложи да им биде определена мерка притвор, велат од Обвинителството

Поврзани содржини