13.000 ДОМАЌИНСТВА БЕЗ ГАС Експлодираше гасовод кај Луганск

Вработените во оваа компанија планираат да извршат увид на оштетениот простор за да ја утврдат причината за експлозијата.

622

Силна експлозија се случи во вечерните часови на магистралниот гасовод во градот Лутугино во Луганската Народна Република, по што следеше пожар, пренесе „Луганскгаз“ на каналот Телеграм.

– Во овој момент, според ажурираните податоци, околу 13.000 претплатници се привремено исклучени од снабдување со природен гас – се наведува во соопштението.






Пожарот бил изгаснат, како што информираа подоцна од компанијата, кога надлежните реагирале и со затворање на вентилот го изгаснале пожарот на магистралниот гасовод во Лутугино.

Вработените во оваа компанија планираат да извршат увид на оштетениот простор за да ја утврдат причината за експлозијата.

Поврзани содржини