127 ГОДИНИ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК ВО БИТОЛА Положено цвеќе пред неговиот споменик
Во битолскиот музеј во спомен собата на Ататурк се одржа свеченост на која беше одбележана 127-годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на Ататурк.
Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк во тоа време била образовна институција во која тој го започнал процесот на формирањето на својата интелектуална свест, под водство на успешните и познати педагози од тоа време.