124 ЛИЦА ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ ВО БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП Стаса и нова медицинска опрема

145

Во тек е и постапка за вработување на 124 лица на неопределено време, од кои 21 доктор, 49 медицински сестри, 34 болничари, 6 физиотерапевти и друг медицински и немедицински кадар во Општата болница во Прилеп, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Тој денеска заедно со заменик министерот Јовица Андовски, ја посети Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари.






– Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за одделението за гинекологија и акушерство и опфаќа современи апарати и нови гинеколошки столови, со што се создаваат подобри услови за работа и третман. Првпат во Прилеп воведуваме лапароскопија и хистероскопија, што претставува голем напредок во гинеколошко-акушерската здравствена заштита. Со тоа, пациентките повеќе нема да имаат потреба да патуваат во други градови за вакви интервенции – информираше министерот Алиу.

За гинеколошкото одделение е обезбеден дигитален електрокаутер – современ апарат за безбедни и прецизни хируршки интервенции и контрола на крварења. По повеќе од 15 години, целосно се обновени и гинеколошките столови за прегледи и породување, кои овозможуваат повисок стандард на удобност и сигурност за родилките и персоналот.

 

Поврзани содржини