1200 ЧЕМПРЕСИ НАД УСЈЕ Ќе се пошумат 5000 квадрати запуштен простор
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информира дека денеска е започнато со садење дрвца на ридот над игралиштето во Усје, на површина од 5000 метри квадратни.
Околу 1200 аризонски чемпреси ќе бидат засадени во акција за пошумување на ридот над Усје.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информира дека денеска е започнато со садење дрвца на ридот над игралиштето во Усје, на површина од 5000 метри квадратни.
– Обезбедивме донација од околу 1200 аризонски чемпреси кои најдобро се прилагодуваат на временските услови на нашиот регион. На овој начин ја подобруваме естетиката на овој запуштен простор, но и креираме природен филтер против загадувањето. На жителите на општина Кисела Вода им ветив подобрување на квалитетот на живот во секој негов сегмент, ветив чиста и зелена општина. Денешната акција во населеното место Усје и сите оние кои ќе следат после неа, се знак дека планирам да ги исполнам сите мои дадени ветувања – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Во периодот што следи предвидени се и други вакви акции за пошумување и зазеленување на општината.