12 НАПАЃАЧИ ПУКАЛЕ ВО ТАВЕРНА БЛИЗУ ЈОХАНЕСБУРГ Убиени 9, ранети 10 луѓе во страшен напад во Јужна Арфика
Околу 12 непознати осомничени во бел минибус и сребрен седан отвориле оган врз клиентите на таверната и продолжиле да пукаат по случаен избор додека бегале од местото, соопшти полицијата.
Девет луѓе се убиени, а 10 се ранети при пукање рано утринава во гратче југозападно од Јоханесбург, а властите почнаа потрага по осомничените, соопшти јужноафриканската полиција.
Инцидентот се случил малку пред 1 часот по локално време во лиценцирана таверна во гратчето Бекерсдал, Јоханесбург.
Околу 12 непознати осомничени во бел минибус и сребрен седан отвориле оган врз клиентите на таверната и продолжиле да пукаат по случаен избор додека бегале од местото, соопшти полицијата. Мотивот за пукањето ќе биде утврден по истрагата.
Ранетите се пренесени во болници.
Бекерсдал е дел од локалната општина Ранд Вест Сити, чија веб-страница го опишува квартот како област со високи нивоа на невработеност и сиромаштија поради падот на ископувањето злато.
Јужна Африка, најголемата економија во Африка, има една од највисоките стапки на убиства во светот, со просек од околу 60 на ден.