12 лица не го почитувале полицискиот час

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид 19, се вели во соопштението на МВР.

309

Вкупно 12 лица од цела Македонија не го почитувале полицискиот час кој започна синоќа во 22 часот и траеше до 5 часот утринава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

„Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на  движењето да се спроведе  согласно одлуката на Владата. Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека  12  лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид 19“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини