12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИЛО ВО ЈАДРАНСКО МОРЕ Двајца нуркачи доцна го нашле детето кое доживеало срцев застој

Девојчето влегло во морето заедно со уште 2 деца на негова возраст, но само двете деца успеале да излезат повторно на брегот. Пливач забележал дека девојчето го нема, подигнал тревога и ги алармирал спасувачите.

1,050

Девојче на 12-годишна возраст се удавило во Јадранско Море на брегот во централна Пескара, Италија, објави Мондо.

Околностите на трагедијата сè уште се реконструираат, но според првичните извештаи, девојчето влегло во вода од јавна плажа заедно со уште 2 деца на нејзина возраст. Само тие две деца се вратиле назад на брегот.






Еден пливач забележал дека девојчето го нема, подигнал тревога и ги алармирал спасувачите.

Припадници на крајбрежната стража, нуркачи од противпожарната служба, локалната полиција и итната помош го пребарувале подрачјето повеќе од 2 часа.

Интервенцијата на противпожарен хеликоптер била клучна: двајца нуркачи се спуштиле во водата блиску до еден браник, каде што набргу потоа било пронајдено девојчето, кое доживеало срцев застој.

И покрај обидите да го реанимираат детето на самото место и за време на транспортот до болницата, лекарите не успеале да направат ништо.

Девојчето починало кратко по пристигнувањето во болницата.

Поврзани содржини