12-ГОДИШНО ДЕТЕ РАСЕЧЕНО СО НОЖ ВО СКОПЈЕ Напаѓачот му нанел повреди и му го уништил велосипедот
Момчето било нападнато додека возело велосипед, а напаѓачот му нанел расекотина и го оштетил возилото. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Дванаесетгодишно момче од Скопје заврши во болница по напад што се случил вчера попладне во центарот на градот.
Според информациите пријавени во полиција, околу 15:50 часот, маж физички го нападнал малолетникот и со остар предмет му нанел расекотина, а потоа го оштетил и неговиот велосипед.
Повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите околности поврзани со нападот.