12.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ЗДИВНАТ Нема веќе да се чека потврда за ослободување од партиципација

507

Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита. Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните – корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од Центарот за социјална работа.

Досегашните административни бариери се веќе надминати, преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита односно Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Фондот за здравствено осигурување и тоа за вкупно 11.943 корисници на права од системот на социјална заштита.






Како што соопшти МСПДМ, во оваа група спаѓаат осигурените лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита, корисниците на гарантирана минимална помош, кои се лица неспособни за работа и корисници на вон-семејна заштита, според прописите за социјална заштита, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице кои не се по друга основа здравствено осигурени, корисници на право на социјална сигурност на стари лица и корисници на право на посебен додаток.

 

Поврзани содржини