12.000 ДАТОТЕКИ УКРАДЕНИ ОД „ФАЈЗЕР“ Поранешна вработена ги има и доверливите документи за вакцината
Наводните материјали вклучуваат „прирачник“ од 24 септември кој содржи внатрешни проценки и препораки за вакцината на Фајзер-Бионтек против коронавирус.
Компанијата „Фајзер“ тужи долгогодишна вработена поради наводна кражба на „голем број“ доверливи документи, вклучувајќи и оние поврзани со вакцината против коронавирусот.
Во тужбата поднесена во вторникот пред федералниот суд во Сан Диего, „Фајзер“ тврди дека станува збор за вработената Џун Ксијао Ли, која го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 датотеки, без дозвола, на нејзините лични сметки и уреди од нејзиниот деловен лаптоп.
Наводните материјали вклучуваат „прирачник“ од 24 септември кој содржи внатрешни проценки и препораки за вакцината на Фајзер-Бионтек против коронавирус.