За последните 24 часа на територијата на Македонија на 81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Евидентирани се 23 лица што ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитни маски.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.