112 ПОД НАЈГОЛЕМ ПРИТИСОК ДОСЕГА Повеќе од 4.000 повици, најмногу за полицијата и пожарникарите
Центарот за управување со кризи објави рекорден број повици на 112, институциите активирани над 700 пати во само 24 часа.
На единствениот број за итни случаи 112 вчера се регистрирани досега рекордни во еден ден 4.199 повици, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.
За полицијата биле 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана 72 пати, што е 10,1 отсто од вкупниот број на повици, а за противпожарната служба биле 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.
Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Автомото сојузот на Македонија два повика.