11 ЗАРАЗЕНИ И 56 ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ Во последните 24 часа нема регистрирано починати лица
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 237.
Направени се 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19: Скопје – 9, Прилеп и Штип – по 1, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирана е една реинфекција.
Регистрирани сe 56 оздравени пациенти од: Скопје – 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 21.10 до 22.10.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.180.622 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 162172, Активни 175
Куманово 18244, Активни 2
Битола 17983, Активни 13
Прилеп 15549, Активни 22
Тетово 14475, Активни 1
Кавадарци 12095, Активни 5
Велес 10812, Активни 1
Охрид 10320, Активни 3
Гостивар 10279, Активни 4
Струмица 8783, Активни 2
Штип 8768, Активни 3
Кичево 6075, Активни 0
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5173, Активни 0
Гевгелија 4884, Активни 0
Неготино 4150, Активни 3
Ресен 3029, Активни 0
Радовиш 2836, Активни 0
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 0
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1132, Активни 1
Богданци 1102, Активни 0
Крушево 1039, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 801, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0