
Прес-службата на Владата информира дека постапката за избор на корисниците на средствата ја спровела Комисија формирана од Генералниот секретаријат во која, покрај претставници на надлежните институции, членуваат и по еден претставник на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Северна Македонија и еден претставник на Здружението на новинари.
Целта на Програмата е да се реализираат активностите за поддршка на печатените медиуми од општ и информативен карактер, а дизајнирана е во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите во соработка со сите засегнати страни.