11 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ Ќе нема летови најмалку до понеделник

Препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено, соопшти МНР.

0

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, 11 македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено“, соопшти МНР.






Во дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, заклучно со овој момент ниту еден македонски државјанин нема побарано евакуација, се додава во соопштението.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите во Тел Авив, Доха и во Абу Даби, како и преку дежурните служби, е во континуирана комуникација и целосное  на располагање на македонските државјани за потребна помош и координација.

СОКРИЈТЕ СЕ ВО ТЕМНИЦА, БАРАЈТЕ ПОМОШ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ИЗРАЕЛ АКО ВИ Е ПОТРЕБНА Нема летови, обезбедете залихи и одете во сигурни зони

Поврзани содржини