11-ГОДИШНО МОМЧЕ ПРЕГАЗЕНО НА БУЛЕВАР ВО ТЕТОВО Пренесено е во болница со тешки повреди
Патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово.
Дете на 11-годишна возраст е прегазаено завчера во Тетово, информира СВР Тетово, каде несреќата е пријавена на истиот ден (24.03.2026) во 13:10 часот.
Според пријавеното, на булеварот Маршал Тито во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, се вели во информацијата.