109 ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРИ ДЕНА ЈА КОНТАКТИРАЛЕ ВЛАДАТА На отворениот телефон кажале што им е најпотребно

Владата ги повикува и ги охрабрува сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

221

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со Канцеларијата на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, информира прес службата на владата.

– Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја. Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга. Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка – велат од владата.






Оттаму ги повикуваат и ги охрабруваат сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

– Владата е целосно отворена за соработка – велат оттаму.

Поврзани содржини