103 ГОДИНИ ЖИВОТ И 80 ГОДИНИ ПЕНЗИЈА Најстариот човек во Босна го сруши рекордот
Правото на пензија го добил како дете со попреченост.
Највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска има 103 години, а прима пензија веќе 80 години, изјави директорот на Фондот, Младен Милиќ. Тој појасни дека се работи за човек кој ова право го добил како дете со попреченост.
– Од година во година имаме растечки тренд на траењето на правото на пензија, што во моментов е 17,5 години во просек за сите 273.300 корисници на пензија, што е речиси две години подолго отколку пред две десетлетија – додаде Милиќ.
Според него, меѓу факторите кои влијаат на тоа, се големиот напредок на медицината и лекувањето, на технологијата, условите за работа и поудобниот начин на живот.